ФОТОВЕСТ – Во ГБ „Браќа Миладиновци“ -Скопје
Ирис Белчева е симпатично девојченце, кое на 20 мај ќе наполни шест години. Ги сака игрите како и сите деца на нејзина возраст, но кога со баба ѝ Милева, која понекогаш ја чува, ќе дојде во Детскиот оддел на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е пресреќна. Тогаш таа избира сликовници, кои дома се читаат и разгледуваат, а потоа редовно се враќаат и се земаат нови.
Неодамна за својот голем интерес за „читање“, Ирис доби диплома за читател рекордер за предучилишна возраст и подарок две книги од библиотеката.
Наградата ѝ ја додели библиотекарката Валентина Малиќ-Андоновски.
На заминување Ирис вети дека и во иднина редовно ќе доаѓа во библиотеката, бидејќи прекрасно се чувствува опколена со книги за деца, кои допрва треба да ги открива.