Телата на девет лица кои исчезнаа во јужниот дел на Мексико минатиот месец се пронајдени масакрирани на автопат, заедно со торба во која се наоѓале нивните раце, пишува Дејли Меил.
Остатоците биле откриени во багажник на напуштен автомобил во Сан Хозе Миахуатлан, на границата со мексиканските држави Пуебла и Оаксака, на 280 километри од Мексико Сити.
Се верува дека станува збор за уште едно брутално убиство поврзано со картелите.
Мексиканската влада во 2006 година почна неофицијална војна против наркокартелите, во која до денес загинаа над 300.000 луѓе, а 60.000 исчезнаа.