ДЕНЕСКА ВО ОХРИД

Во рамките на прославата ќе се одржи и третиот Конгрес на нуркачите на Македонија
Клубот за подводни дејности Охрид, денеска во 12 часот во хотелот „Инекс Олгица“, организира прослава по повод одбележување на 40-годишнината од постоењето (1985-2025) и третиот Конгрес на нуркачите на Македонија, без разлика на која асоцијација припаѓаат. Ова, секако, ќе биде убава можност да се прикаже историјатот на постоењето на клубот и неговите активност низ минатите години, како и следните активности што му претстојат.
Според информациите од клубот Охрид, ќе има свеченост и доделување благодарници и признанија. Годинава ќе присуствуваат предавачи, кои ќе добијат можност да ги прикажат своите новитети во областа на нуркањето, опремата и друго. Г.И.