Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето 21 година од загинувањето на претседателот Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље кај Мостар во Босна и Херцеговина.
Како што информира претседателскиот Кабинет, Силјановска-Давкова положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.
– Делегации на Кабинетот на Претседателот положија венци со свежо цвеќе на вечните почивалишта на Анита Кришан-Лозановска на гробиштата во Велес, на Борис Велинов на гробиштата во населба Илинден и на Аце Божиновски на гробиштата во Бардовци – соопшти Кабинетот на Силјановска-Давкова.