Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска е во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за војната на Русија против Украина.

Средбата се одржува на денот на третата годишнина од војната и неколку дена откако Трамп ја обвини Украина за започнување на војната, пренесе ДПА.

Состанокот се одржува и откако Трамп одржа 90-минутен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин – без учество на Украина или Европа.

Минатата недела Макрон ги повика европските шефови на држави и премиери во Париз на кризни разговори, а потоа телефонски разговараше со Трамп. Меѓу другото, на средбата станало збор и за прашањето за европски мировни сили по евентуален прекин на огнот.

Се очекува Трамп да се сретне и со британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон во следните неколку дена. Според извештаите на медиумите, Стармер би можел да го претстави концептот за мировни сили.