Фото: Пиксабеј

Најмалку 15 лица се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен – соопшти полицијата.

Како што се наведува, околу 10.30 возач го забрзал својот автомобил и влетал во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.

Возачот е уапсен и како што наведува полицијата, не претставува опасност за околината.