Во Прличевата одаја на НУ библиотека „Григор Прличев“ во Охрид гостуваше поетесата Дана Тембелеска. Професорката Гордана Такец ги промовираше двете нови стихозбирки на Тембелевска со наслов „Капка среќа“ и „Наслед(е)на љубов“, а авторката читаше стихови од книгата.
Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подобро утре, а во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија. Повеќе прозно отколку лирски, во неа ја прикажува суровата реалност.
Дана Тембелевска е поетеса што со силна гласност ја најавува својата поетска мисла. Таа е силна, смела и храбра како личност и моќна со зборовите. Тембелевска, како што вели самата, цел живот ја носи во себе љубовта кон пишаниот збор во сите форми. Зад себе има многу награди и признанија, а е членка на Литературниот клуб од Прилеп. Во моментов подготвува книга за деца, а од неодамна се занимава и со пишување афоризми и хаику.