ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА РАКОМЕТАРКИ
Пред вчерашното одигрување на двата последни меча на Европското првенство (ЕП) за ракометарки за годинава, во Австрија, Швајцарија и во Унгарија, веќе беше познат олстар-тимот, во кој имаше дури три Унгарки. Најкорисната ракометарка (МВП) беше одредена по одигрувањето на финалниот натпревар, во кој се сретнаа Норвешка и Данска.
Најдобриот тим на ЕП 2024 го избираа гледачите, кои гласаат преку апликацијата „Дом на ракометот“. Црногорката Татјана Брновиќ е избрана за најдобар пикер на ЕП, Ема Фрис од Данска е најдобро лево крило, а Викторија Ѓори-Лукач од Унгарија најдобро десно крило. Најдобар лев бек е Тјаша Станко од Словенија, а десен бек Катрин Клујбер од Унгарија. За најдобар среден бек е прогласена Норвежанката Хени Ристад, а најдобра голманка е Ана Кристенсен од Данска. Паулета Фопа од Франција е најдобра одбранбена ракометарка, а Унгарката Петра Симон е прогласена за најдобра млада ракометарка на ЕП 2024. Фрис, Клујбер и Фопа вторпат во низа се меѓу најдобрите на едно ЕП, по изборот на шампионатот во 2022 година.
Вчера во натпреварот за третото место на ЕП 2024 играа Франција и Унгарија, а во финалето бранителот на титулата Норвешка и Данска, што претставуваше и репризно финале од пред две години (тогаш Норвежанките славеа со 27-25). Г.И.