Денешната наша колумна, драг читателу, го има како инспиративен агенс текстот на мојот пријател Самуел Садикарио „Албанско-израелски синдром“ („Нова Македонија“, 3 декември 2024), а пишуван по повод вандализмот на албанските хулигани што го запалија македонското знаме на денот на прославата на албанското знаме во Тетово. Тоа дивеење Садикарио го дефинира дијагностички со синтагмата „албанско-израелски синдром“, развивајќи ја потаму егзистенцијалистичката и метафизичка тема на омразата како заразна религија, која во својот елан-витал е дури посилна и од љубовта?! Тука ставаме извичник и прашалник, на согласност и истовремено сомнеж во таа песимистичка хипотеза. Вистина е дека омразата е многу силно и до варварство енергетско чувство. И во трагедиите на Шекспир, не само во „Отело“, јасно како кај ниеден друг автор е нагласено тоа, иако тој никаде не се изјаснува децидно за надмоќта на омразата над љубовта, која својот апогеј кај него го има во „Ромео и Јулија“.
На темата љубов и омраза говорат и некои антички филозофи со поетски елан-витал, кои и своите филозофски трактати ги пишувале во стихови, како што се тоа претсократовците, со кои во модерното време со посебна фасцинација се занимавале Ниче и Хајдегер. Меѓу нив, кои први темелно ја дефинираат и развиваат филозофијата на Битието, особено фасцинантно со темата за која станува збор се занимавал Емпедокле, вистинска кентаурска легура од филозоф и поет. Или поарно обратно. Тој тврди дека љубовта и омразата се еднакво енергетски моќни психолошки ентитети што ги движат ѕвездите и другите небески тела. За разлика, пак, од него, Данте во средниот век и Мандељштам во модерното време сметаат дека таа моќ ѝ припаѓа исклучиво на љубовта. Како што мислат, впрочем, и Христос и Буда. Омразата е дел од злото со која тоа се храни, а љубовта од Доброто од кое таа расте и конечно во завршната армагедонска битка меѓу Светлината и темнината ќе го крене знамето на победата, недофатливо за хулиганите на омразата. Во сета оваа алегориска шифра, пак, драг читателу, има нешто и од сонцето на македонското знаме. Но за тоа само толку.
Тоа е тоа. Сега пак се враќаме на Самуел Садикарио и неговата трагична дефиниција на омразата, а по повод вандалскиот трибалистички анимозитет на албанските пиромани кон светите македонски инсигнии. Оттука тој in medias res ја изведува со горчлив вкус и тезата за „генетската салата“ што е ексклузивна и, иако позната, фасцинантна. Салатата карактеристична за менито на сите на овој мал до бескрај скусен македонски простор и на Балканот, разбирливо, кого Крлежа поаѓајќи од митоманскиот менталитет на неговите народи го дефинира со синтагмата „балканска крчма“. Така, иако тој знаеше дека и поголеми митомани од Балканците се моќните европски колонијалистички нации, кои својата шовинистичка митоманија ја кријат под нивниот мувлосан „демократски“ фустан, блиску до сингуларитетот на европската космичка вагина со волчешки заби (како што е тоа во визијата на најдобриот поетски психоаналитичар Е. А. По), која голта и јаде цели народи, па и цивилизации лакома за материјален профит и злато. Крлежа го знаеше тоа. Некои негови текстови што ја разобличуваат таквата Европа имаат катастрофична енергија по неа. Сум пишувал и за тоа ако се сеќаваш, драг читателу.
Но и во тој крлежијански контекст да се вратиме поконкретно на „генетската салата“ на Сами, жестока дијагноза или критика на радикалниот шовинистички трибализам, кој за да го крене ариевски, како Хитлер, до небо својот национ го поништува другиот до него уништувајќи ги неговите архетипови на идентитетот што се темел на неговото колективно битие. Фасцинантна е сега во овој контекст сликата „генетска салата“ со надреалистички шмек на парадоксот. Тоа е сјајна поетска слика. Таа, се осмелувам да кажам, го открива запретаниот негде поетски потенцијал на мојот пријател Сами. Но тој не се обидел со поезијата претпоставувам останувајќи само имагинарен поет песимист, како што го гледаме тоа и од неговите текстови во „Нова Македонија“. А така сега стојат работите и со неговата дијагностичка (сега и како антрополошки лекар) „генетска салата“, која всушност ја препорачува како рецепт за оздравување на ариевскиот тумор на трибалистичката психологија. Во таа смисла вели: „Огромни се влијанијата од мешања и влијанија – Хелени, Македонци, Картагиици, Рим, Венети, Нормани, Темплари, Хуни, Авари, Срби…“ Овде сите сме „генетска салата“. Во контекст на таа антрополошка салата Сами приложува и еден салатарски историски податок поврзан со симболизмот на двоглавиот орел, кај Албанците црн, кого толку многу, палејќи го македонското знаме, го бранат албанските хулигани. Како што истражил Сами, тој е всушност симбол на знамето на Римската Империја, но неговата генеза се наоѓа во Месопотамија и Хититија. Од таму е преземен тој симбол. А покрај Албанците, него го имаат присвоено за своето знаме или за друга инсигнија уште и Селџуците, Србите, Русите, Бугарите и шкотските масони, како што вели Сами. Додуша кај Србите и Русите тоа е белиот двоглав орел, за разлика од црниот кај Албанците, и тоа, пак, во психологијата на симболизмот значи нешто. Но немаме простор да го објасниме тоа, драг читателу.
Тоа е тоа. И од сето ова недоразбирање во врска со „генетската салата“ на микс меѓу народите (варвари и култура) никој не е поштеден да стои цврсто во својот генетски национ. Резултатот е трагедија на неразбраното човештво раситнето на свои ситни генетски парцели според пример на архитектурата на добро уредените гробишта. Ја нема тука за жал утопистичката идеја на германскиот филозоф Шлаермахер со христијанска ориентација за човекот-човештво. За жал, и модерниот човек на оваа денешна цивилизација е длабоко психолошки архаичен, со потсвеста палеолитски зариен во психологијата на ордата, само сега сето тоа покриено и прикриено со некаков перверзен институционализам на сè уште трибалистичката „демократија“, и најмногу на оние што ја произвеле неа за сопствено благоутробие. Не за дух и култура.
Не постои генетски чист ариевски народ, освен кај некои сè уште африкански или амазонски племиња, ако и таму нема „генетска салата“. Па, сепак, и покрај тоа, настрана од неа, без разлика колку е генски измешана со разни гени таа, независно од неа од средиштето на прапаметењето одат преку предците и прапредците кон новото поколение и кон она што допрва стасува од иднината мемориските и идентитетските линии на секој род посебно. Вклучувајќи и на нашиот македонски род, врз кој се врши идентитетски геноцид. Некаде тие линии, како што е тоа случајот со македонскиот идентитет од праисконот до денес, се јасни и според истрајноста на името со кое сме се пробивале низ столетијата, некаде истите тие се затемнети и во многу случаи фалсификувани од практични политички и други причини. Со еден збор, некои свесно или по наговор на друг, како што е тоа случај, на пример, со Грците и Бугарите, ги сечат жиците по кои дотекува кај нив по далноводот генеричката струја на нивниот идентитет, крадејќи притоа струја од далноводот на другиот до нив. Во случајот тие, и едните и другите, таа кражба на идентитетска струја ја вршат од меморискиот далновод на Македонците, оставајќи ги во целосна идентитетска темница. Притоа нивни ментори на таа цивилизациска кражба се бриселска Европа и Вашингтон, и пак водени од нивниот деструктивен нагон за зло и политичка лукративност.
И кај Грците и кај Бугарите, па и кај Албанците, трите кон нас агресивни соседи, има криза на генеричкиот, изворен идентитет. Грците не се староседелци на овој простор, туку се дојдени од Супсахарска Африка, од Египет како Данајци, прилепувајќи се тука за неагресивните Пелазги, од чиј корен се фиданка и Македонците. Тука Грците се вглобиле како крлежи во новата средина, позајмувајќи (што е блага алузија за кражба) митови, симболи и обичаи од домородното пелазгиско население. Тие тоа, преведени во Хелени од Дројзен, сега не го признаваат, ама коза лаже рог не лаже. Тоа го потврдува никој друг туку таткото на историјата Херодот, а и некои доблесни и храбри историчари и антрополози денес, како што е тоа Бернал, кој ја напиша на таа тема книгата „Црна Атина“, преведена и кај нас.
И уште за да биде лагата за „грчкото чудо“, германско-нордиската школа што ја фабрикува мегалагата за Грција нејзе ѝ ги припишува и Античките Македонци за Хелени, лагата што ја прифаќа некритички Европа ширејќи ја како културолошка чума низ светот. Па, сепак, несигурни дека таа лага е вистина, и Грците и Европејците од моќниот колонијалистички блок, за да ја осигурат неа се одлучија на идентитетски геноцид на Македонците, префрлајќи го нивното генеричко име со сиот негов културно-цивилизациски имот во катастарот на Грција, официјално и со печатот на Вавилонската Блудница, во Преспа 2018.
Со Бугарите е, како варијација на тема, слична ситуацијата. Тие се сега едни од најпознатите трагачи по идентитет и лутаат од Татаро-туркмените до Тракијците и Словените во кои конечно се вгнездиле, иако баш и не верувајќи дека нивната генеза е словенска, за што има еден преголем куп историски факти. Арно ама ним им е убаво да се Словени бидејќи тука варварски, како Грците Античка Македонија, го грабаат пребогатото македонско културно-цивилизациско наследство од македонскиот словенски период, почнувајќи од Кирил и Методиј, и Климент и Наум сè до сјајниот македонски преродбенски 19 век и понатаму до завршувањето на Втората светска војна, по која според нив нè измислил како новокомпониран идентитет Тито. И нивниот акт кон нас е апсолутно геноциден, и пак по теркот како со Грците, и нив ги поддржува оросписка Европа во геноцидниот проект кон нас со геноцидната, смислена во лабораторијата на новиот европски Менгеле, таканаречена „француска рамка“ за тотален мемориски помор на Македонците. И тоа се вика (да го дефинираме феноменот), драг читателу, цивилизација. Во бугарската потсвест, парадоксално, е залегната во потсвеста желбата да бидат Македонци. Тоа повеќе им се допаѓа од Бугари. Една добра психоаналитичка сонда спуштена длабоко во нивниот ум сепак лесно би ја открила нивната архаична потсвест за генезата. Во прилог на тоа говори и една сеопфатна анкета меѓу бугарското население во деведесеттите години од минатиот век на прашањето која е најголема бугарска историска личност. Одговорот на неа бил: Кан Аспарух. Ги нема ни Кирил, ни Методиј, ни Климент, ни Гоце, за кого ќе нè испотепаат ако им се пружи шанса. Како онаа со Втората светска војна. Би нѐ товареле како нови Евреи на воз во новата Треблинка.
Тоа и така. А и нашиот западен сосед, кој исто така има добар влог во македонскиот идентитетски геноцид (имам пишувано за тоа), почнувајќи од втората половина на 19 и првата половина на 20 век сè до завршувањето на Втората светска војна. Но нивниот нагон за варварско потиснување на Македонците се буди и на самиот почеток на 21 век со тероризмот на Али и неговите терористи во 2001-та, и пак како во случајот со Грците и Бугарите поддржан од Западот, од Брисел и Вашингтон. Постојат две теории за генезата на Албанците. Едната е дека се дојденци од Кавказ, а другата дека се староседелци, потомци на Илирите, што е фактички конструкт на албанските историчари. Меѓутоа, точна е првата теорија, за што сведочи и еден турски попис на населението од овие простори од 1431 година, во кој нема попишано ни еден Албанец. А позната е акрибичноста на турските пописи во Отоманската Империја. Така сега доаѓаме, драг читателу, до историската и антрополошка теза „староседелци и дојденци“, преведена во „култура и варварство“.
Оти добро е познато дека варварите биле по дефиниција номадски племиња што се селеле и напаѓале туѓи територии и народи, староседелски култури, сè додека не се вгнездат во една од нив каде што им е угодно. И така низ целата историја на човештвото паѓаат народи и култури. Така стои во сенка, макар сјајно филозофски и антрополошки дефинирана, и еволуционистичката теорија на Освалд Шпенглер во неговата знаменита книга „Пропаста на Западот“, за спонтаното раѓање, раст, цутење и венеење на културите аналогно на билниот свет. Така тој го предвидува и падот на западната култура и свет (мисли на Европа, м.з.), кој тој го нарекува фаустовски. Но тој не го зел предвид тука неговото колонијалистичко варварство, кое трае и денес во еден божем пософистициран „цивилизациски“ вид.
Така стојат работите, драг читателу. И сега не треба повеќе да објаснуваме, јасно ти е што се случувало и што се случува на линијата култура-варварство со Македонија и Македонците. Јасно ти е дека тоа историско варварство кон нив и денес е актуелно, и тоа на ниво на цивилизациски план, како цивилизациска салата со идентитетскиот геноцид врз кој е по Преспа 2018 уште во тек. И тоа секако не може со ништо друго да се дефинира освен со зборот ВАРВАРСТВО. Варварство на новата европска колонијалистичка цивилизација со лажен хуманизам и демократија, сега скриена под маската ЕУ во Брисел.