Фото: Пекселс

Невидена трагедија по завршувањето на фудбалски натпревар во Гвинеја, во градот Н’Зокоре, а информациите кои доаѓаат се повеќе од вознемирувачки. Во оваа африканска земја традиционално се одржува натпревар наречен „Мамади Думбуја“, а по завршувањето на последниот дошло до сериозни инциденти, објави „Дејли мејл“.

Засега е потврдено дека во конфликтите има жртви, на видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат безживотни тела на асфалтот, а според одредени информации најмалку 100 лица се мртви.

Во последните моменти од натпреварот помеѓу Н’Зокора и Лабе навивачите се судриле со полицијата. Ова се случило откако двајца фудбалери на Лабе добиле црвени картони, а еден од министрите наводно побарал да се укине таквата одлука. Потоа следувал пенал за Лабе, кој ги разбеснил навивачите кои почнале да фрлаат камења.

Полицијата возвратила со солзавец, па настанал општ хаос…