Фото: ЕПА

За оваа ли­ста бо­до­ви се со­би­ра­ат со ме­че­ви­те во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те,
Ли­га Евро­па и во Кон­фе­рен­ци­ска­та ли­га, од си­те клу­бо­ви

По повеќе од половина одиграни натпревари во трите европски купа, Португалија и Англија се во водство на ранг-листата на Европската фудбалска унија (УЕФА). Португалија има просек осум од петте клуба што играат во меѓународните натпреварувања, Англија 7,51 (седум клуба), а потоа на листата се Белгија со 7,4 (пет), Полска со 7,125 (четири), Чешка со 7,1 (пет)…
За оваа листа бодови се собираат со мечевите во Лигата на шампионите (ЛШ), Лига Европа и во Конференциската лига, од сите клубови, а потоа се дели вкупниот број со бројот на клубови од таа земја што учествувале во трите клупски натпреварувања (два бода за победа, еден бод за победа во квалификациски и во плејоф-натпревари, еден бод за реми, половина бод за реми во квалификациски и плејоф-натпревари, за пораз не се освојуваат бодови). Предвидени се и бонус поени врз основа на нивната позиција на табелите…, објаснува УЕФА.
Најдобрите две земји на крајот на сезоната ќе добијат по едно дополнително место во Лигата на шампионите. За сезонава првите две места ги освоија Италија и Германија, а дополнителните места во најсилното клупско натпреварување им припаднаа на Болоња и на Борусија Дортмунд. Н.М.