КОШАРКА-НБА
Високата победа на Голден стејт во Портланд во средата, во кошаркарската НБА-лига, стана малку поголема во четвртокот, за еден поен, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). НБА откри грешка во резултатот, онаа каде што на Голден стејт не му беше броен поен од слободното фрлање на Де’Ентони Мелтон, во третата четвртина.
Лигата ја откри грешката, менувајќи го конечниот резултат од 139-104 на 140-104. Статистичарите на натпреварот забележаа дека Мелтон ги промашил двете слободни фрлања во таа низа, иако Мелтон го погоди првото.
Со тоа Голден стејт четврти пат ја отвори сезоната во НБА-лигата со постигнати 140 поени. Тимот постигна 162 поени, што е НБА-рекорд за прв меч во сезоната, против Денвер во 1990 година, потоа 144 на натпреварот со Сиетл во 1967 година и 140 поени против Детроит, во 1962 година.
Грешките во броењето поени се ретки во натпреварите во кошаркарската НБА-лига, откако клубовите вработуваат неколку статистичари за секоја средба, а официјалните лица на лигата, исто така, ја прегледуваат статистиката на сите натпревари во реално време, пишува АП. Н.М.