Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Дуелите помеѓу бразилски фудбалски екипи во четврт-финалето на Копа либертадорес завршија со победа на актуелниот првак на Јужна Америка, Флуминенсе, дома, на средбата со Атлетико Минеиро со 1-0 и со реми без голови на мечот помеѓу Ботафого и Сао Пауло. Во третиот натпревар од четврт-финалето Коло коло од Чиле и Ривер плата од Аргентина одиграа нерешено, 1-1, а синоќа на програмата беше дуелот помеѓу бразилскиот Фламенго и уругвајскиот Пењарол.

Тимовите сезонава играат за континенталната титула и за пласман на Светското клупско првенство в година во САД. Реваншите се идната недела. Бразилски клубови победија на претходните пет изданија на најсилното клупско фудбалско натпреварување во Јужна Америка, и тоа Фламенго и Палмеирас по двапати, а Флуминенсе еднаш. Н.М.