Фото: ЕПА

ТЕНИС

На патот кон финалниот турнир на АТП сите очи ќе бидат насочени кон Азија во текот на следните четири недели, кога уште ќе се обликува трката за пласман на турнирот во Торино, пишува Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП).

Јаник Синер и Александер Зверев веќе ги резервираа своите места на престижниот настан за крајот на годината, на програмата во ноември, а блиску до нив е и Карлос Алкараз (6.010 поени). Зад таа тројка остануваат уште пет места за пополнување, а многу ѕвезди имаат цел да освојат поени на турнирите во Азија за да ги зголемат своите шанси.

На листата се и Даниил Медведев (4.420 поени), Тејлор Фриц (3.890), Каспер Руд (3.795), Андреј Рубљов (3.480), Алекс де Минаур (3.305), Новак Ѓоковиќ (3.260), Григор Димитров (2.835)…, пишува АТП. Н.М.