Фото: Пиксабеј

Техно

Со пристигнувањето на новата серија на телефони ајфон и други придружни уреди, голем број од постојните дефинитивно одат во пензија. Сега, кога речиси 100 отсто е сигурно дека „Епл“ на 10 септември ќе ја претстави новата серија на паметни телефони ајфон 16, нови паметни часовници и слушалки еарподс, со лансирањето на овие уреди, постарите ги напуштаат производствените линии. А бидејќи, според неофицијални информации, производството на „шеснаесетката“ веќе започна, откако новиот ајфон официјално ќе пристигне во продавниците на „Епл“, овие уреди ќе престанат да пристигнуваат таму.
„Епл“ обично ги прекинува своите водечки ајфон-телефони само една година откако ќе бидат пуштени во продажба, така што може да ги прекине овие два уште оваа година по лансирањето на ајфон 16. Ајфон 13 е најстариот телефон на „Епл“ достапен за онлајн купување. И овој модел би можел да се укине, бидејќи е веќе стар три години, па ајфон 14 ќе го заземе своето место во истиот ценовен опсег.
„Епл“ наскоро ќе лансира и нов паметен часовник воч сириес 10, со поголем екран и тенко куќиште. СЕ 3 би можел да има пластично куќиште, за да биде подостапен за клиентите. И кога ќе биде лансирана идната серија паметни часовници, „Епл“ може да ги прекине моделите епл воч 9, ултра 2 и СЕ 2.
Месецов ќе бидат претставени и слушалките епл еарподс 4, во две верзии. Епл еарподс 2 лансирани во 2019 година и епл еарподс 3 во 2021 година, така што тие ќе бидат прекинати кога ќе биде лансирана четвртата генерација. Главната разлика помеѓу двете верзии на слушалките епл еарподс 4 е опцијата актив нојс кенселејшнс ќе ја имаат поскапите слушалки. Наскоро може да видиме и понови верзии на буџетските ајпед-таблети на „Епл“. Ајпед мини 6 и ајпед 10 најверојатно ќе бидат прекинати. Шансите „Епл“ да го задржи ајпед 10 и по лансирањето на ајпед 11 не се големи.