Со панихида и со полагање на цвеќиња на спомен рускиот крст, делегација од Амбасадата на Руската федерација, предводена од Н.Е. Сергеј Баздникин, амбасадор, заедно со претставници од општина Прилеп, од Македонско руско друштво Прилеп и од Сојузот на македонско руски друштва на Македонија, на Германските гробишта во Прилеп, беше одбележан 1 Август – Денот на сеќавањето.
Амбасадорот Сергеј Баздникин, посочи дека одбележувањето на Денот на сеќавањето е по десетти пат, откако е поставено спомен обележјето и дека крвавиот конфликт во Првата светска војна одезел животи на осум милиони војници.
– Се свртуваме кон историјата од Првата светска војна да потсетиме на тоа колку разорни се поделбите на алијанси и од политиката на конфронтација – рече рускиот амбасадор.
Н.Е. Баздникин посочи дека Русија цврсто ќе ги брани своите интереси и ќе направи сѐ за сигурно обезбедување на безбедност, вклучително и за сојузниците, за заштита на легитимните права на руските граѓани и сонародници.
– Позицијата на Русија е отворена и позитивна – активно учествуваме во формирањето на фер мултиполарен свет со еднакви права и можности за сите цивилизации, заснован на принципот на доверба, неделлива безбедност и разгледување на меѓусебните интереси…Стремежот кон мир и конструктивна соработка меѓу државите да биде врз взамна рамноправност и почитување, немешање во внатрешните работи, што е карактеристика на руската надворешна политика – истакна Баздникин, потенцирајќи дека интеракцијата меѓу Македонија и Русија денес е пред големи предизвици.
Ка.М.