Македонскиот репрезентативец Миовски постигна 25 гола за Абердин сезонава, а во трка за наградата се и Шенкланд, напаѓач на Хартс, потоа Батланд, голман на Ренџерс, и О’Рајли, плејмејкер на Селтик. Оваа награда се доделува од сезоната 1964/65, досега ја освоиле 50 фудбалери, меѓу другите, Брајан Лаудруп (двапати), Пол Гаскоњ, Хенрик Ларсон (двапати), Гордон Страхан, Али Мекоист…
ИЗБОР НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ФУДБАЛСКИ НОВИНАРИ НА ШКОТСКА
Бојан Миовски, Џек Батланд, Мет О’Рајли и Лоренс Шенкланд се во потесниот круг за наградата фудбалер на годината во избор на Асоцијацијата на фудбалски новинари на Шкотска, објави „Би-би-си“.
Македонскиот репрезентативец Миовски постигна 25 гола за Абердин сезонава и остави свој белег во Европа, како и против двата водечки тима во Шкотска, Селтик и Глазгов ренџерс, пишува „Би-би-си“. Напаѓачот на Хартс, Шенкланд, е во трка да ја додаде оваа награда на таа за играч на годината во Премиер-лигата во избор на Асоцијацијата на професионални фудбалери на Шкотска. Батланд уживаше во ѕвездената прва сезона, пополнувајќи ги со авторитет „големите ракавици“ што ги остави легендата на Ренџерс, Алан Мек Грегор, сезонава, имајќи 18 меча без примен гол на 35 натпревари во Премиер-лигата и му помогна на тимот да има најдобар одбранбен ефект во првата лига, со само 25 примени гола. Играчот од средниот ред на Селтик, О’Рајли ја уживаше својата најпродуктивна сезона во зелено-бело, постигнувајќи 12 гола и 14 асистенции, највисоко ниво во лигата, пишува „Би-би-си“.
Оваа награда на Асоцијацијата на фудбалските новинари на Шкотска се доделува од сезоната 1964/65, досега ја освоиле 50 фудбалери, меѓу другите, Данецот Брајан Лаудруп (двапати), Англичаните Пол Гаскоњ и Клер Синклер, Швеѓанецот Хенрик Ларсон (двапати), Шкотланѓаните Гордон Страхан, Али Мекоист… Н.М.