Даниел Доулинг (36) за прв пат после 20 години одлучил дека не сака да биде повеќе анонимен и дека сака да ја раскаже својата приказна дека неговиот татко го принудувал да има сексуален однос со својата маќеа, со цел да го „излекува од хомосексуалност“ .
На судењето Даниел пред „своето семејство“ открил дека својата невиност ја изгубил со маќеата Анет Брауспер која 3 години сексуално го злоставувала со знаење на неговиот татко Ричард Доулинг во нивниот дом во Биркшир, Англија.
Даниел објаснил дека насилството започнало како игра со маќеата во која таа на крајот се соблекла гола, а опишал и ситуацијата во која неговиот татко го испратил да ја бакне маќеата за „добра ноќ“ која без облека била легната на кревет, врзана со лисици, а набргу им се придружил и неговиот татко во сексуалниот однос.
-Маќеата ми кажуваше што да правам, а понекогаш кога татко ми беше на пат, ме викаше во својата соба за да имаме сексуален однос – објаснил Даниел кој додал дека сексуалното злоставување често се случувало додека неговиот татко бил отсутен, бидејќи работел во Министерството за одбрана. Даниел пред судот раскажал и за една прилика во која неговиот татко го удрил откако одбил орално да ја задоволи својата маќеа.
Ричард (62) на судењето признал дека имал намера да го насочи својот син на „прав пат“ и да го отргне од хомосексуалноста. За злоставувањето пресудени му се пет години затвор, а на маќеата осум. И двајцата имале по 38 години кога започнало злоставувањето.
Семејното злоставувањето завршило кога Даниел во 1996 година со својот татко се преселил во Дорсет, но и тогаш доживеал уште едно сексуално злоставување, а полицијата успеала да пронајде голи слики во домот на педофилот.
Веднаш после неуспешниот обид за самоубиство, Даниел тајно снимил телефонски разговор со својот татко во кој успеал да го испровоцира неговото признание за да има аргументи да правдата ја побара пред судот.
На судот таткото го признал делото, бранејќи се дека истото го правел поради „недијагностицирана депресија“ и дека бил под влијание на својата партнерка, како по примерот „д-р Џекил и г-дин Хајд“,
Судијата изјавил дека штетата која е направена на детето е непроценлива и дека злоставувањето и искористувањето на довербата е монструозно, пренесува хрватски „Јутарњи лист“.