Пет патнички возила се зафатени со пожарот што избувна попладнево на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, а во неговото гаснење се вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Томевски вели дека нема интервенцијата на пожарникарите е при крај.
-Пожарот е локализиран и спречено е ширење на соседните возила. Причинета е само материјална штета- рече Томевски.