Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново. Извори од МВР велат дека полицијата сѐ уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ, објави телевизија Сител.
Шоферот на градоначалникот Ридван Ибрахими, беше пренесен во болница, и веднаш подложено на операција, а со полесни повреди беше уште едно лице. Денеска беше објавено дека двете лица се во стабилна состојба.