Фото: Принтскрин/Илустрација

Шумски пожар вечерва избувна во атарот на гостиварското село Дебреше, опожарена е борова шума. Заради интензитетот и временските услови гаснењето е отежнато.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, во текот на денот имало два пожари во гостиварско. Едниот во атарите на селата Печково и Долно Јеловце во кој гореле висока трева и стрништа и кој е изгаснат, додека попладнево се појавил нов пожар кај Дебреше. За гаснење на пожарот најавено е дека ќе биде побарано да се делува и од воздух.

– Вториот пожар е во село Дебреше, гостиварско. Пожарот има навлезено во борова шума и засега не може да се стави под контрола. За утре е најавено побарување за воздушна поддршка – наведуваат од ЦУК.