фото: Приватна архива

Коста Хаџикојчев деновиве официјално ја претстави песната „I belong“ на која што тој е комплетен автор, а како копродуценти се потпишуваат британски продуцент Вил Рејнолдс (соработник на Ед Ширан, Фред Агаин, Оли Мурс и др.) и Драги Иванов, кој е најистакнатиот продуцент од новата генерација во земјата.

Промовиран е и видео-записот за темата којшто го работеше Ѓорѓи Вацев, мултиталентиран креативец кој покрај спотот за песната, работеше и на продукцијата и мастерингот на аудиото.

Песната „I belong“ е комбинација од аренби и поп-музика и е воедно првата песна од ЛП-то во најава со наслов „7 of Hearts“.

Коста Хаџикојчев во јуни минатата година ја издаде темата „Feel the same“, а истото лето го слушавме и како автор на популарната „Не е до мене“ на вокалистска Тамара Стојковска.