Таџикистанските власти уапсија девет лица оваа недела под сомнение дека се вмешани во терористичкиот напад во Москва во кој загинаа најмалку 143 лица, дознава „Ројтерс“ од таџикистански безбедносни извори. Осомничените се уапсени во градот Вакдат, а се префрлени во главниот град Душанбе.
Четворицата осомничени за нападот, на кои им е одреден притвор, се државјани на Таџикистан. Освен нив, во Русија се уапсени уште седуммина осомничени за вмешаност во нападот, од кои некои се и Таџикистанци.
Безбедносните служби на Таџикистан го приведоа членови на семејствата на четворица Таџикистанци осомничени дека го извршиле нападот, за да можат руските истражители да извршат информативни разговори со нив.
Во терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити хол“ во Москва загинаа 143 лица, а најмалку 360 се повредени.