Познато е дека Никола Тесла имал многу чудни и необични навики. Покрај неговиот генијален ум, кој никој не може да го оспори, Никола Тесла имал и многу навики што другите не ги разбирале, па поради тоа често го нарекувале и чуден. Во својата книга „Моите пронајдоци: Автобиографијата на Никола Тесла“, тој ги навел навиките што ги практикувал како момче, а за кои верувал дека му помогнале да остане енергичен и фокусиран до крајот на животот.
Тоа биле лекции што, како што подоцна тврдел Никола Тесла, биле наменети да ги зајакнат меморијата и умот и да развијат критичко размислување. Никола Тесла имал необично детство и сè укажувало дека ова момче ќе биде гениј.
Никој и ништо не можеше да ја спречи неговата потреба да работи и да ја спроведе до својата смрт лекцијата што ја научи од мајка си: дека човекот може да се спаси само со сопствени напори. Тој беше дете на пронаоѓачи и истражувачи. Носеше такво семејно наследство и успеа барем дел од него да материјализира работејќи во Америка. Во детството го загубил својот брат, поради што неговите родители биле неутешни и тоа имало големо влијание врз Никола. Тој се опишувал себеси како момче со мала самодоверба.
Како што пишува, неговиот брат бил натпросечно надарен, „еден од ретките ментални феномени што биолошките истражувања не успеале да ги објаснат“. Овој недостиг од самодоверба, со слаб и колеблив карактер, не можеше долго да опстане во личноста и љубопитниот ум на Никола Тесла. Од сите работи најмногу ги сакаше книгите и се трудеше да ја задоволи својата страст во домашната библиотека.
– Татко ми не го дозволуваше тоа и збеснуваше ако ме фатеше на дело. Ги скри свеќите кога сфати дека читам тајно. Не сакаше да си ги расипувам очите. Меѓутоа, набавував лој, правев фитили и истурав лој, па секоја вечер ги затнував клучалките и пукнатините и читав, често до зори, додека другите спиеја – напишал Тесла, дете на натпросечни родители што беше предодредено за свештеник, но чии сетила беа насочени кон природата, појавите, предметите и нивните карактеристики и односи, математиката и физиката. Тој сакал да биде инженер.
Мајката на Тесла, Ѓука, била најважната личност во неговиот живот. Така останало до крајот на животот. Тој тврдел дека својот инвентивен дар ѝ го припишува на мајка си, но во текстовите за детството ги споменува и вежбите што му ги давал татко му и што ги сметал за многу корисни: првата била вежба да погодува туѓи мисли, потоа вежби и наоѓање недостиг во некоја форма или израз, го терал да повторува долги реченици и да брои напамет. Тоа биле лекции што, како што подоцна тврдел научникот Никола, имале цел да ги зајакнат меморијата и умот и да развијат критичко размислување. Како и многу иноватори и креативци, Никола Тесла ја застапувал тезата дека треба да биде сам додека создава и размислува, пишува „Бонитет.ком“.