Во местото Омољица во близина на Панчево избил голем пожар откако експлодирале резервоари со нафта.
Огнот се проширил кон силосите со жито, кои се наоѓале во близина, објави српската државна теливизија РТС.
Припадниците на Секторот за вонредни ситуации го локализирале пожарот, при што нема повредени лица, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Моментно се работи на доизгаснување на пожарот во магацинот во кој се чуваат сточна храна, гуми и гориво.
На местото на инцидентот се ангажирани 13 пожарникари и пет пожарникарски возила.