По десетина години од последното украсување на Кичево пред новогодишните празници, деновиве екипи работат на поставување на sвездено небо и украси по електричните канделабри во центарот на градот, со што и овој град почна да наликува на останатите градски средини во земјава, кои секоја година водат тивок натпревар кој град ќе биде подобро украсен за највеселата ноќ.
Граѓаните се презадоволни што конечно и нивниот град почна да наликува на современа градска средина со многуте украси поставени во срцето на градот.
– Пријатно сум изненаден од она што вечерва го доживеав на градскиот плоштад во Кичево, слика што навистина не очекував ќе ја видам и во нашиот град. Ова е причина во друштво на моите деца пред највеселата ноќ во годината почесто да го посетуваме градскиот плоштад и да се восхитуваме на ѕвеаденото небо и на украсите поставени на канделабрите. Сега ќе нема потреба да ги шетаме децата во други градови за да ја доживеат убавината на Новата година – истакна Александар Стојкоски граѓанин.
Слични беа впечатоците и на останатите жители на градот кои сосема случајно или по некаква потреба вечерва се најдоа под ѕвезденото небо на градскиот плоштад.
Изведувачите најавуваат дека сликата ќе биде уште поубава, кога деновиве ќе се комплетира поставувањето на ѕвездичките на сите канделабри во центарот на градот.
З.А