ПРВ КОШАРКАР СО 39.000 ПОЕНИ ВО НБА
Крилниот кошаркар Леброн Џејмс (Лос Анџелес лејкерс) стана првиот играч во историјата на НБА-лигата со 39.000 постигнати поени во кариерата, во регуларен дел од сезоната. Џејмс, кој и на прагот на 39-та година соборува рекорди, го постави новиот рекорд во победата над Јута (131-99), притоа постигнувајќи 17 коша за 24 минути игра.
– Добив честитки од моите соиграчи и тренери, не сум имал можност да се замислам што значи тоа. Имаше толку многу одлични играчи во оваа лига и толку многу одлични стрелци. Да може да се постигне нешто што е прво од што било, мислам дека тоа е секогаш супер. Тоа е посебен момент, сигурно – рече Џејмс, пренесе официјалната интернет-страница на НБА-лигата.
Џејмс продолжува да игра на елитно ниво и во својата 21. сезона, со просек од 26,4 поена, 8,2 скока и 6,5 асистенции по натпревар. Со неговото сегашно темпо на игра и постигнувањето поени, како и под претпоставка да го служи здравјето, тој подоцна сезонава треба да достигне и до 40.000 поени.
Колку Џејмс е доминантен на паркетот откако беше избран како прв драфтот во НБА во 2003 година, најдобро говори фактот дека најблизок активен играч до него во однос на постигнати поени е Кевин Дурант (27.331), кој е на 11-то место на вечната листа на поентерите. Џејмс Харден е трет (24.805), а четврти е Расел Вестбрук (24.615). Г.И.
НАЈЕФИКАСНИ КОШАРКАРИ ВО НБА
Леброн Џејмс 39.012
Карим Абдул Џабар 38.387
Карл Мелоун 36.928
Коби Брајант 33.643
Мајкл Џордан 32.292
поени во регуларен дел од сезоната