Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, упати закана до Македонците од Пустец, предупредувајќи ги дека ќе им бидат одземени бугарските пасоши, ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија.
– До сите жители на општина Пустец, Албанија: Доколку сега на пописот не се пријавите како етнички Бугари, во најкус можен рок ќе ви бидат одземени бугарските државјанства, а доколку сте во постапка – веднаш ќе ви бидат прекинати процедурите. Веќе имаме еден таков случај. Размислете – им порача Стојанов на Македонците од Пустец.
Претходно, како засилена бугарска пропаганда врз Македонците во Албанија, тамошните македонски здруженија ја оценија посетата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова.