Епицентарот на пивото, добрата забава и скарата од синоќа е во Прилеп. Започна фестивалот на пивото „Прилеп бир викенд“ што ќе се одржи до 3 септември.
Голем број на посетители синоќа дојдоа да уживаат во убавата музика, во вкусната скара.
За почеток одлична забава направија Тропико Бенд, Тијана еМ, како и најзвучните македонски имиња Миле Кузманоски и Ламбе Алабаковски.
Посетителите задоволни велат им треба забава, дружење и добро е што фестивалот, иако подоцна, сепак се одржува.
Вечерва посетителите ќе ги забавуваат Хурикејн, Ареа и Пајак. Ка.М.