Статиста
Во светот, голем дел од растот на е-трговијата е поттикнат од потрошувачите што ги користат своите мобилни уреди, телефони и таблети за да набават стоки и услуги. Според анализата на пазарот на „Статиста“, продажбата преку мобилна е-трговија достигна 2,2 илјади милијарди долари во 2023 година и сега сочинува 60 отсто од целата продажба преку електронска трговија низ целиот свет.
Уделот на мобилната е-трговија во целокупната електронска трговија е во постојан пораст, од само 56 отсто во 2018 година на очекуваните 62 отсто во 2027 година. Самиот пораст на продажбата преку мобилна е-трговија беше уште подрастичен, бидејќи целиот сектор продолжува да се шири на глобално ниво. Во 2027 година, аналитичарите на „Статиста“ очекуваат да се остварат 3,4 илјади милијарди долари преку мобилната е-трговија, што е сосема спротивно со 982 милијарди долари што беа генерирани во сегментот дури во 2018 година.
Бидејќи потрошувачите поминуваат повеќе време на своите телефони и таблети и почнаа да ја ценат поволноста за купување преку интернет каде и да се, се очекува продажбата преку мобилната е-трговија и понатаму да расте.