Фото: Илустрација/ Принтскрин

Украинската воена разузнавачка служба објави дека го уништила рускиот систем за воздушна одбрана С-400 „Триумф“ на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија.

– Како резултат на експлозијата, системот, придружните ракети и оперативниот персонал беа целосно уништени – соопшти денеска разузнавачката служба.

Со информацијата, објавено е видео направено со дрон, на кое наводно се гледа експлозија.

Украинските власти прво не открија со какви средства бил нападнат рускиот систем за воздушна одбрана.

Шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов, во вторникот најави дека ќе има дополнителни напади на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, кршејќи го меѓународното право.