Фото: ЦУК

Избувна пожар во Општина Сарај кај село Љубин, што навлезе во боровата шума, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што соошти ЦУК во гаснењето на пожарот се вклучени полициски хеликоптер и три противпожарни авиони „ер трактор“ на ДЗС.

– Заради истовремен ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, на неколку пожари во исто време и недостиг на ПП сили, близина на населени места, а и заради намалувањето на периодот за оперирање на крајот од денот, се влучува еден полициски хеликоптер на МВР и трите противпожарни авиони „ер трактор“ на ДЗС полетаа за дa се спаси боровата шума – додаваат од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во меѓувреме соопшти дека пожарот е локализиран.