КОШАРКА – ЕП ЗА КАДЕТИ ВО СКОПЈЕ
Кошаркарската репрезентација на Шпанија го освои златниот медал на Европското првенство (ЕП) за кадети (до 16 год.), дивизија А, кое се одржа во Скопје. Во финалето тие ја совладаа Италија со 77-68 и по шести пат во својата историја го освоија славеничкиот пехар во оваа возрасна категорија. Бронзениот медал ѝ припадна на Франција, која во дуелот за третото место ја совлада Литванија со 88-62. Вакво ЕП се одржа и лани во Македонија, а Шпанците тогаш го освоија сребрениот медал, загубувајќи во финалето од Литванија, а трета беше, како и годинава, Франција. Македонските надежи го освоија последното 16-то место и со тоа испаднаа во дивизијата Б.
Првите пет селекции, вклучувајќи ја и Германија, се квалификуваа за Светското првенство (СП) под 17 години, кое ќе се одржи во Турција 2024 година
Шпанскиот играч Гиљермо дел Пино, кој уфрли 22 поена во финалниот меч, беше прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) на шампионатот. Во најдобрата петорка на ЕП влегоа уште, Шпанецот Гилдас Хименез, Италијанецот Маикол Перез, Французинот Акрам Наџи и Литванецот Артурас Бутајевас. Г.И.