Подготвил: Mарјан Велевски
Алармот се активира:170.000 вработени го напуштија здравствениот систем
Британски „Обсервер“ објави алармантна вест дека речиси 170.000 работници ги напуштија своите работни места во здравствениот систем на Англија минатата година. Во анализата се наведува дека ова е рекордно заминување на професионални здравствени кадри, професионалци што се борат со невиден притисок во англискиот здравствен систем, пишува лондонски „Гардијан“ на истата тема.
Според медиумите, повеќе од 41.000 медицински сестри ги напуштија своите работни места во англиските болници, при што вкупниот број на вработени што се откажаа во 2022 година се зголеми за повеќе од 25 отсто во споредба со 2019 година.
Како резултат на ваквата ситуација, во петокот премиерот Риши Сунак започна нов план за обука и мотивација на стручниот медицински персонал.
Сер Џулијан Хартли, главен извршен директор на Здружението на здравствени фондови на Англија (НХС), на оваа тема изјави „нашите здравствени работници направија брилијантна работа за време на пандемијата, но немаше одмор“.
– Податоците за заминување на луѓе се загрижувачки и треба да ги смениме. Треба да покажеме дека работодавците навистина се грижат за своите луѓе на првата линија – рече Хартли.