Авионот на руската приватна воена групација „Вагнер“ на Евгениј Пригожин утринава слета на воениот аеродром, кој се наоѓа на околу 20 километри од белорускиот главен град Минск, објави „Ројтерс“.
Авионот „слета на воениот аеродром Мачулишчи во близина на Минск во 7.40 часот“, изјави белорускиот оператор Хајун, кој го надгледува воздушниот простор на земјата.
Според веб-страницата за следење летови Flight Radar24, ажурирана од „Хајун“, авионот „Embraer Legacy 600“ полетал од југозападниот руски регион кој граничи со Украина.
Од „Хајун“ велат дека вториот руски приватен авион, кој полетал од Санкт Петербург, слетал на воениот аеродром помалку од 20 минути по авионот на Вагнер, објави „Политико“.
Идентификационите шифри на авионот се совпаѓаат со шифрите на авионот „Аутолек Транспорт“ што САД го поврзува со Пригожин, објави „Ројтерс“.