Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Украина со 0-3, по сетови 18-25, 24-26 и 23-25. Во вториот сет македонските одбојкари испуштија предност од 20-14.
По шесте натпревари во групата Б од Европската златна лига, македонската репрезентација деби-учеството во ова натпреварување го завршува со две победи и четири порази.
Најефикасен на натпреварот беше Никола Ѓорѓиев со 15 поени освоени поени.
Украинците со максимални 18 бодови го освоија првото место и изборија пласман во плејофот.