Фото: ЕПА

Шпанија го освои трофејот во третото издание на фудбалската Лига на нации по подобро изведување на пенали од Хрватска со резултат 5-4, откако финалето во Ротердам заврши без голови по 120 минути игра.

Голманот на „црвената фурија“ Унаи Симон ги сопре ударите на Ловро Мајер и на Бруно Петковиќ во пенал-серијата, додека кај Шпанците промаши само Емерик Лапорт.

За Хрватска тоа е прво финале во ова натпреварување, додека Шпанија играше во финалето и на минатото издание на Лигата на нации, во 2021 година, кога загуби од Франција. Победник на првото издание на Лигата на нации беше Португалија, во 2019 година.

Италија заврши на третото место во ЛН откако претходно го совлада домаќинот Холандија со 3-2.