Фото: ЕПА

Ракометарите на германски Магдебург станаа европски прваци откако го совладаа полски Киелце со 30-29 по продолженија (26-26 по 60 минути игра) во возбудливото финале на фајналфорот во Келн.

Магдебург по четврти пат е на врвот на Европа, првпат по 2002 година. Киелце втора сезона едноподруго е вицешампион, со што останува на трофејот во Лигата на шампионите освоен во 2016 година.

Каи Смитс беше најефикасен во победничкиот состав со осум постигнати гола, исто колку што имаше и Алекс Душебаев на спротивната страна.

Бундеслигашот во полуфиналето беше подобар од минатогодишниот освојувач Барселона со вкупен резултат 40-39, по подобро изведување на седмерци.

Барселона, пак, го освои третото место во Келн по победата над ПСЖ од 37-31.