Европа го избра патот на војната со Русија, а Москва мора да ги постигне своите цели, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
За време на неговата посета на руската воена база во Душанбе, тој рече дека целите на Русија се поблагородни од европските и дека Европејците го сакаат она што не им припаѓа, додека Москва го сака тоа што е нејзино, пренесе ТАСС.
– Што се однесува до Европа, нашиот Концепт за надворешна политика вели, едноставно кажано, дека Европа го избрала патот на војната против нас. Се разбира, во секој случај ќе мора да живееме меѓу себе, но кога има војна, мора да ги постигнеме нашите цели, кои се многу поблагородни од оние на Европејците. Тие го сакаат она што не им припаѓа, додека ние го сакаме она што е наше – нагласи Лавров.