Фото: Игор Бансколиев

СП ВО БАСКЕТ

Србија во драматична завршница ги совлада САД со 21-19 во финалето на Светското првенство (СП) во баскет 3х3, во Виена (Австрија), иако губеше со 15-19, и на тој начин ја одбрани титулата. Ова е шести триумф за Србија во осум досега одржани СП. Србија во четврт-финалето го победи домаќинот Австрија, а во полуфиналето Летонија. За репрезентацијата на Србија на ова СП играа Дејан Мајсторовиќ, за кого ова е петто светско злато, Страхиња Стојачиќ, Михајло Васиќ и Марко Бранковиќ. Г.И.