Фракцијата на т.н. Огнени во ДУИ денеска ја одбележа 21-годишнината од формирањето на партијата на одделна прослава од онаа на актуелното раководство предводено од Али Ахмети и од Тетово побара промена на „одредницата 20 проценти“ во македонскиот Устав.
-И ние како фракција уште еднаш ги истакнуваме нашите вредности, врз кои се формира нашата партија. Ги истакнавме уште еднаш нашите барања и нашите незадоволствата што ги имаме внатре во партијата, изјави Саранда Имери, претставничка на фракцијата на ДУИ, на денешната прослава во Тетово.
Имери нагласи дека фракцијата поддржува отворање на Уставот на државата и дека „е време да се промени одредницата „20 проценти“.
– Ние сметаме дека изборите во сите ограноци што сега ќе се одржат, во сите ограноци не се легитимни и можеме да констатитираме на овој начин, еден член еден глас, се нелегитимни и антистатутарни. Ние пак го креваме гласот дека време е одредницата 20 отсто за албанскиот јазик да се промени во Уставот затоа што не сакаме уште еднаш Уставот да се отвори и да се отворат вакви прашања. Јас сум денеска кај што треба да бидам со основачите на нашата партија и ќе продолжам да бидам дел од фракцијата и да ги истакнуваме уште повеќе нашите барања, реќе Имери.
На новинарско прашања дали ќе се формира нови политичко движење за реформи во ДУИ, Имери одговори дека ја продолжуваат борбата внатре во партијата со демократски методи.