Фото: МВР

Утре, 27 октомври, во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот за време на посетата на косовската делегација.

Поради посебниот сообраќаен режим, можни се привремени ограничувања и пренасочувања на сообраќајот во центарот на главниот град.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници.