Илустрација/Фото: МИА

Под сомнение дека силувал шестгодишно девојче, жител на Ресен денеска доби протвор од 30 дена и против него е отворена истрага по пријава за кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години, соопшти битолското Обвинителство.

„Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со кое бил сосед. Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле,“ се наведува во соопштението од Обвинителството.

Според полицискиот билтен, приведениот имал 59 години. Полицијата доцна во ноќта го привела по пријава дека „во парк кај населбата „Пролет“ во Ресен, се соблекол и допирал по телото малолетничка“.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и врз оштетеното дете или да го повтори делото.