Директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами, денеска изјави дека, пред да биде назначен на оваа функција, мислел дека метрологијата е временска прогноза. Тој ова го кажа на денешното одбележување на Светкиот ден на метрологијата, на кој говореше за значењето на метрологијата за квалитетот на животот.
– Метрологијата нема врска со временска прогноза. Да ви кажам, јас до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето. Но, метрологијата го одбележува влијанието на мерењето врз нашиот секојдневен живот. Метрологијата е важна затоа што точните и конзистентни мерења овозможуваат фер трговија, гарантираат квалитет во производството и поддршка на иновациите. Точни мерења се во функција на безбедноста, здравјето и квалитетот на живот – рече Селами.
Директорот на Бирото за метрологија е магистер по политички науки со положени правосуден и нотарски испит. На сегашната позиција дојде од местото заменик-директор на Управата за јавни проходи (УЈП).