ХОКЕЈ НА МРАЗ

Женската хокеарска репрезентација на САД ја освои титулата светски првак по победата со 6-3 во финалниот меч против Канада, кој се одигра во канадскиот град Брамптон.

Американките стигнаа до титулата со пресврт во третиот период од натпреварот, оти Канаѓанките водеа со 3-2 пред последните 20 минути. Најзаслужна за победата во финалниот дуел кај Американките беше капитенката Хилари Најт, која ги постигна последните три гола на мечот, во последните три минути и 52 секунди. Најт постигна гол за 4-3 во ситуација кога имаа уште две хокеарки повеќе на мразот, 27 секунди подоцна зголеми на 5-3, кога беа со хокеарка повеќе, а потоа ја погоди и празната мрежа на Канаѓанките за конечни 6-3.

За репрезентацијата на САД ова е десетта титула светски првак. Г.И.