Моментот на спроведувањето на серискиот убиец Михаил Лештарски пред судските власти

Чувствувајќи дека не може да се вклопи во општеството, започнал да живее во пештери на планини, каде што преживувал исклучиво јадејќи по неколку лажици мед и ловејќи животни. Осомничен е за убиства на претежно постари лица и пензионери. Посебен криминален порив му предизвикувале постарите жени, бидејќи го потсетувале на неговата мајка

СЕРИСКИ УБИЈЦИ ОД БАЛКАНОТ (4): КОЈ Е МИХАИЛ ЦВЕТАНОВ ЛЕШТАРСКИ, УБИЕЦОТ ОД ПЕШТЕРИТЕ

Науката вели дека сериските убијци се осамени луѓе што не бараат друштво, а мотив им е вниманието што им го даваат медиумите.
Кога ќе се спомене терминот сериски убиец, првата реакција е дека кај нас, на Балканот, нема такви луѓе. Токму тоа е и заблудата. Изненадува фактот дека токму тука, на Балканот, има голем број случаи на сериски убијци што немилосрдно убивале, без трошка милост, страв и сочувство. Некои од нив дури оставиле голем белег во светски рамки, а се дел од криминалната историја на земјите од кои потекнуваат и каде што ги убивале своите жртви. Уште еден таков пример е Михаил Цветанов Лештарски, познат како убиецот од пештерата или пештерскиот човек, кој убил најмалку пет постари лица.

Шеснаесетгодишникот што стана немилосрден сериски убиец

ТЕШКО И ТРАУМАТИЧНО ДЕТСТВО

Роден во 1959 година, Лештарски е познат криминалец, крадец и сериски убиец во соседна Бугарија. Тој бил осуден на доживотна затворска казна за убиството на 59-годишната Елена Томова, во селото Владо Тричков во околината на Софија. Дополнително, тој е осомничен убиец за убиството на најмалку уште четири други пензионери од 2009 до 2011 година.
Лештарски имал проблематично детство, па се претпоставува дека токму затоа и започнал да убива. Неговиот татко Цветан работел како чувар, додека неговата мајка била домаќинка. Михаил бил немирно дете, кое не ги почитувало правилата, па како казна за лошото однесување, неговиот татко го врзувал за кревет, а храната што била наменета за него ја оставал на место каде што тој не можел да ја дофати. На тој начин неговиот татко го изгладнувал, додека неговата мајка никогаш не се ни трудела да го заштити или одбрани.
Како една од казните што неговиот татко ги спроведувал кога Михаил не бил мирен било и врзување за автомобил додека неговиот татко го управувал возилото. Често Михаил бил претепуван и со метален кабел додека не помодрела неговата кожа.
Не го завршил училиштето и постојано бил вмешан во разни помали кражби.
Тој бил и жртва на сексуално малтретирање од страна на повеќе лица одеднаш. За да ги избегне ќотекот и казните од татка си, Лештарски најчесто излегувал во вечерните часови на улиците, каде што ги ограбувал минувачите. Веќе на пет-шеснаесетгодишна возраст бил повикан да служи војска, па во своето родно село се враќал повремено.
Како последица на сообраќајна несреќа, по вина неговиот татко поради возење во алкохолизирана состојба, неговата мајка добила ментално нарушување, поради кое го обвинила Михаил за силување. За ова обвинение, Лештарски во 1993 година добил 18-годишна затворска казна. Поради добро однесување, Михаил бил пуштен од затвор по 12 години, во 2005 година. По ослободувањето, повторно се вратил на старото криминално хоби. Крадел и ограбувал богати луѓе. Во тој период запознал проститутка од Романија, во која силно се заљубил, но која по некое време го напуштила, повредувајќи го длабоко.
Од 2005 до 2008 година работел во хотел, каде што бил опишан како добар и вреден човек. Но еден ден, сосема случајно и без никаква претходна најава, тој се симнал во паркингот на хотелот, каде што ги искршил сите автомобили, по што избегал.
Чувствувајќи дека не може да се вклопи во општеството, започнал да живее во пештери на планини, каде што преживувал исклучиво јадејќи по неколку лажици мед и ловејќи животни. Кога не можел да залови плен, се хранел со живи лилјаци, кои успевал да ги фаќа прекуден. Тој бил одличен планинар, само за неколку дена успевал да помине 30 километри.
За период од четири месеци тој започнал да живее во потпокривот на неговиот поранешен соработник Стојан Младенов во Долна Кремена. Таму останал заканувајќи му се на Младенов дека ќе ги убие него и неговото семејство доколку кажат каде се наоѓа. За време на престојот правел дупки во ѕидовите за да гледа што се случува. Во една пригода успеал да го нападне својот поранешен колега и да ја силува неговата сопруга.

Баба Анујка – банатската вештерка

ДОДЕКА ЈА ДАВЕЛ ЖРТВАТА, ИСТОВРЕМЕНО ЈА СИЛУВАЛ

На 26 август 2009 година, Михаил со воз пристигнал во селото Владо Тричков. Влегол во една викенд-куќа, чии прозорци биле искршени, каде што барал храна и вода. Нашол шише полно со џин, кој го испил, а потоа јадел конзервирани печурки и краставици, по што заминал. Утредента се вратил, но овој пат куќата не била празна.
Педесет и деветгодишната Елена Томова, која живеела во Софија со ќерката и сопругот, заминала во својата викенд-куќа во селото Владо Тричков. Кога пристигнала, забележала дека некој бил во нејзината куќа, но оти ништо не било украдено. Затоа и одлучила да не повика полиција. Куќата била на поизолирано место од другите. Сепак, не чувствувајќи се безбедно, ја замолила сосетката да оди кај неа, меѓутоа поради обврски таа одбила.
Кога седнала да чита книга, слушнала отворање на влезната врата. Кај неа влегол Михаил, валкан, со долга проседа брада. Тој ѝ побарал храна, па Елена веднаш му дала две парчиња леб. Михаил ѝ признал дека се вратил во куќата за да ја преспие ноќта, а потоа ја замолил да си направи вечера. Додека тој готвел, Елена ѝ се јавила на ќерка си за да ја информира дека во куќата има непознат маж, но и ја излажала, бидејќи ѝ рекла дека и нејзиниот бивш сопруг е тука. Потоа таа, како член на Јеховините сведоци, почнала да го подучува Михаил за Господ и Библијата, на што тој ѝ одговорил дека го потсетува на неговата мајка.
Откако започнале тензична дискусија, тој ја турнал жената од столот. Елена се обидела да се одбрани, но не успеала. Михаил ја однел до кревет, каде што ја силувал, додека во исто време ја задушувал со своите раце. Кога ја пуштил, таа веќе била мртва.
Потоа седнал до неа плачејќи, зел нож и на кожата на челото ѝ направил крст. Зел метална шпатула и ѝ ја исекол левата града, фрлајќи ја под креветот. Жртвата ја покрил со чаршаф и ја ставил Библијата на нејзиното тело, зел шише со џин и заминал.
Утредента ќерката на Елена се обидувала да стапи во контакт со мајка си, но не успеала, по што заедно со својот татко и брат заминале во викенд-куќата. Поранешниот сопруг на Елена ја пронашол мртва и веднаш повикал полиција.
Полицијата работела две години на овој случај, собирала докази, сведоштва и фотографии. Првично утврдиле дека станува збор за маж постар од 35 години, жител на Бугарија, невработен, со едвај основно образование и без семејство. Утврдиле дека убиецот добро ја познава областа и оти е сексуално незрел, човек кој што мрази жените поради инциденти во минатото. Тој профил одговарал совршено на Михаил Лештарски.
На 22 февруари 2011 година, Михаил бил фатен во пештера во близината на месноста Мездра, како осомничен за кражби, и бил изведен пред судските власти. Таму тој признал дека ја убил Томова, за што добил две доживотни затворски казни во софискиот централен затвор.

Штедел пари за да го купи пиштолот со кој ќе ја убие мајка си

ОСОМНИЧЕН УШТЕ ЗА НЕКОЛКУ СЛИЧНИ УБИСТВА

Лештарски е осомничен и за убиствата на полуслепиот пензионер Јордан Јолов и Владимир Тошовски. Јолов, кој бил на 82-годишна возраст, бил претепан до смрт и ограбен во неговиот дом во Старо Село, во јануари 2011 година, недалеку од местото каде што се криел Михаил по убивањето на Елена. Истиот месец, 75-годишниот Тошовски исто така бил ограбен во неговиот дом во Горна Кремена и иако на крадецот му понудил половина од пензијата, сепак бил претепан до смрт.
Убиство со слични последици му се товари на Михаил од јули 2007 година, кога 59-годишната Мариана Дандова била пронајдена задушена со пресечена града.
Постои сомнеж за уште повеќе убиства на постари лица извршени од Лештарски, бидејќи кога полицијата ја пребарувала пештерата во која тој се криел, пронашла 12 пара очила од непознати лица, за кои се претпоставува дека им припаѓаат на негови жртви.
Пред судските власти ги негирал обвиненијата, но се заканил дека во првата пригода кога ќе излезе од затвор, живи ќе одере пет лица.
Додека давал интервју за затворскиот психолог, тој признал уште две убиства. Првото во 1999 година, кога бил во алкохолизирана состојба и на смрт ја претепал сосетката без никаква причина, и уште една жена, меѓутоа одбил да ги каже датумот и локацијата.

[email protected]