Со инциденти и судири меѓу полицијата и групи маскирани лица заврши масовниот протест во центарот на Атина, организиран поради железничката несреќа кај Темпи во која 57 лица го загубија животот.
Инцидентите започнаа пред грчкиот Парламент и се проширија низ улиците околу плоштадот Синтагма.
Маскираните лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва и сл, а специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец.
Паралелно со инцидентите, непознати лица предизвикаа материјална штета на продавници, автобуски постројки, а запалија и едно комбе.
Денешниот протест беше еден од помасовните во Атина во изминатите години, со учество на десетици илјади демонстранти кои излегоа и за да го изразат нивиот бес за железничката несреќа, но и да им оддадат почит на загинатите.
Протест поради несреќата, освен во Атина се одржаа во уште над 70 градови во цела Грција.