Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24 кажа дека е важно што со иницијативата „Отворен Балкан“ се оствариле договори и државите што се членки се согласиле воопшто да нема застанување при патувањата.
– Тоа е крајната цел. Да нема ниту еден полицаец, се изготвуваат софтверски решенија за таа контрола да се прави по електронски пат, тоа е процес што треба да го изодиме. Работната група работи заедно со колеги од Србија и Албанија. Ни претстои период на летни одмори и голема фреквенција на граничните премини – рече Спасовски.
Тој кажа дека од моментот на согласување околу една идеја на државите постојат уште многу оперативни активносто за да се стигне до крајната цел.
– Наша заложба е исто така зачленувањето во Еворпската унија и во делот на интегрираното гранично управување треба да ги следиме сите правила и прописи – рече Спасовски.