ОЈЧЕД (Oyun Yazarlan ye cevirmenleri Dernegi), здружение на драматурзи и преведувачи од Република Турција, го објави драмскиот текст со наслов „9 – божествена трагедија“ од македонскиот писател Гоце Ристовски во превод на турски јазик на Зејнеп Кајмас, а во рамките на проект поддржан од Европската Унија и во соработка со здружението „Калем Милт енд, РЕАД регионал нетворк фор културал“.
– Со почит кон различностите, благородноста на театарот ни овозможи да го запознаеме Гоце Ристовски, еден од најзначајните современи македонски универзитетски професори и писатели. Ја објавивме неговата драма „9 – божествена трагедија“ за доброто на читателите, но и на продуцентите на турскиот, па и на европскиот театар.
Божествената трагедија „9“ не е само Дантеовото именување на неговата Божествена комедија; напластувањето на деветте цврсти мотиви на пеколот до 99-999-9999 година со двосмисленоста на концептите во 21 век… Дантеовата Божествената комедија, која се смета за текст на доцниот среден век, раната ренесанса, е трансформирана во трагедија, во поствистина на 21 век. Навестувањето на апокалиптичниот наратив се одвива со желба за враќање кон природата во драмата на Гоце Ристовски и симболично е нагласено преку западната таблица на множење со бројот 9 на неа, асоцирајќи на Дантеовиот пекол со двосмислена концептуализација на 21 век.
Во „9 – божествена трагедија“, авторските театарски нафрлоци со повеќеслоен, течен јазик градат исклучително важен драмски текст глобално во современиот театар – напиша Назиф Услу, претседател на Здружението на драматурзи и преведувачи од Турција во пресрет на свечената промоција на драмата на Ристовски во текот на идниот месец во Истанбул.