Инаугурацијата на новоизбраните членови на Претседателството на Босна и Херцеговина ќе се одржи на 20 ноември во Сараево, изјави денеска новоизбраниот српски член на Претседателството, Милорад Додик.
На општите избори во БиХ одржани во октомври, избрани се нови членови на Претседателството на БиХ – Милорад Додик, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.
За време на инаугурацијата, членовите на Претседателството ќе положат и потпишат заклетва.
Додик изрази желба, пред полагањето на заклетвата во Претседателството, да положи посебна заклетва пред Народното собрание на Република Српска.